Министерот Едмонд Адеми во работна посета на Франција

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Франција, каде ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Република Северна Македонија.

Министерот Адеми, како што соопшти неговиот кабинет,  ќе ја посети општината Вилжуст во Фрнација, чиј градоначалник е Игор Тричковски со кога ќе реализира и  работна средба.

Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби претседателот на групата за македонско-француско пријателство во Националното собрание на Франција, Бертан Сор и пратеничката Лилиан Танги, која е и член на Комисијата за надворешни работи при Националното Собрание.

Фокусот на средбите со соговорниците, како што информираат од кабинетот на Адеми, ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата  на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Франција како и за актуелните политички цели на Влада на Република Северна Македонија со посебен акцен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *