Писмена реакција за Грчко – Македонскиот Комитет за ревизија

НЕМОЈТЕ ДА СЕ КРИЕТЕ ЗАД СТЕРИЛНИ СООПШТЕНИЈА И ИЗЈАВИ! ЈАВНОСТА ИМА ПРАВО ДА ЗНАЕ КАКОВ ЕПИЛОГ СЛЕДИ ОД ГРЧКО – МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ЗА РЕВИЗИЈА НА ИСТОРИЈАТА!

Кадарот на СДСМ, Виктор Габер пред еден месец најави дека на оваа средба ќе се отвори дискусија за дефинирање на поимот Македонски „иредентизам“ кој Заев, Димитров и Шекеринска со Договорот со Ципрас прифатија да биде отстранет од сите Македонски учебници по историја. Маркос Боларис, кој е на чело на Грчката комисија, обзнани дека нивните позиции се нашите наставници во предавањата да избегнуваат иредентизам, ревизионизам, од учебниците да се отстранат античките симболи и картите на голема Македонија. Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос не пропушти да се закани со блокада на нашата ЕУ интеграција ако немакедонската Влада не биде дисциплинирана во отстранување на од нив замислениот иредентизам. Претходно, на Бугарско – Македонскиот Комитет за ревидирање на нашата историја, од Директорот на Институтот за национална историја, Драѓи Ѓорѓиев, дознавме дека за да ги задоволиме Бугарските негатори на Македонскиот идентитет ќе треба да прифатиме дека Цар Самоил и Кирил и Методиј не биле Македонци, туку космополити и припаѓаат на регионалното историско и културно наследство.

ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ЈАВНО ПОТВРДИЈА НЕКОЛКУ ПАТИ ДЕКА ЗА НИВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА СЕ ЕЛЕМЕНТ КОЈ ЗБОРУВА ЈАЗИК РАЗЛИЧЕН ОД ГРЧКИОТ, НО ТОА БИЛО ВНАТРЕШНО ПРАШАЊЕ НА ГРЦИЈА. ИСТОВРЕМЕНО ГОРДО НАЈАВИЈА ДЕКА НА СПОМЕНИЦИТЕ ЌЕ СТАВАТ ПЛОЧКИ СО НАЗНАКА ДЕКА СЕ ОД ХЕЛЕНСКО ПОТЕКЛО.

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА САКА ДА ЗНАЕ ДАЛИ ЗАРАДИ ПРЕДАВСТВАТА, ВО УЧЕБНИЦИТЕ ЌЕ СТОИ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ПРИПАЃА НА ХЕЛЕНИЗМОТ ЗАТОА ШТО Е РОДЕН ВО КУКУШ? ДАЛИ И КАКВА ПЛОЧКА ИЗРОДИТЕ ЌЕ ЗАЛЕПАТ НА НЕГОВИТЕ СПОМЕНИЦИ? ЗОШТО ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НЕ ВАЖИ ИСТАТА ОСТАПКА КАКО ЗА ЦАР САМОИЛ И МАКЕДОНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ? ЗОШТО АНТИЧКО НАСЛЕДСТВО Е САМО ГРЧКО, А НАШАТА ИСТОРИЈА Е ЗАЕДНИЧКА?

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА БРУТАЛНО РАЗДАВА СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО! ЗА ТОА ЌЕ ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ И ЌЕ СЕ СООЧИ СО ГНЕВОТ НА НАЦИЈАТА!

НИЕ НЕ СМЕ ХИБРИДНА НАЦИЈА! МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА ЌЕ БИДЕ ВОЗОБНОВЕНА! МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СВЕТИ СИЛНО! СЕ ШТО Е НАШЕ ЌЕ СИ ВРАТИМЕ, ОВОЈ ПАТ БЕЗ КОМПРОМИСИ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *