Во поширокиот велешки регион до денеска во Ветеринарната станица во Велес се чипирани 900 од над три илјади домашни миленици-кучиња, колку што се претпоставува дека ги има во поширокиот велешки регион. Пред неколку дена Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека рокот за бесплатното чипирање на домашните миленици кучиња, заради идентификација и регистрација на кучињата, продолжува до крајот на годинава.
Како што информира за МИА ветеринарниот лекар Димче Димитриевски, директор на Ветеринарната станица во Велес, некои од тие 900 чипирани кучиња се донесени и од соседните општини, а некои сопственици од Велес своите кучиња ги чипирале во Скопје.
Димитриевски упати повик до сопствениците на домашните миленичиња што поскоро да ги донесат кај нив и да ги чипираат, со цел кучињата да се евидентираат и заведат во Базата на податоци, што сега ја прават.
– Имено, за чипирање, предуслов е кучето да се вакцинира против кучешко беснило, а вакцината чини 590 денари плус 120 денари за пасош, додека чипирањето со ушен чип што е 800 денари е бесплатно и го финансира Агенцијата за храна и ветеринарство што ни достави чипови, појасни Димитриевски.
Тој информира дека по 1 април сопствениците ќе мора самите да ја платат и апликацијата за чипот, што е 200 денари, а до 31 март е бесплатна.
Имено, како што најави пред некој ден на прес во Скопје директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, казните за несовесните сопственици на домашни кучиња се од 100 до 150 евра во денарска противвредност за индивидуални лица и илјада евра за правни лица. Воедно, тој информира дека по 1 април инспекциски служби ќе изрeкуваат соодветни казнени мерки за оние кои се уште ги немаат чипирано, односно идентификувано своите домашни миленици.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?