За 24 јануари е закажано првото рочиште за случајот „ТНТ” на Специјалното јавно обвинителство, во кој осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, како и уште четири други лица.
„ТНТ“ беше распределен кај судијата Ивица Стефановски, но со новиот годишен распоред тој е прераспределен во Одделот за малолетници, поради што за овој случај треба да биде назначен нов судија.
Советот за оценка на обвинителен акт при скопскиот Кривичен суд на 17 ноември минатата година го прифати обвинението за случајот „ТНТ“.
„ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.
Апелацискиот суд на 4 ноември 2017 година одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос да можат да се користат како докази во судската постапка.
Обвинителите од СЈО на двете јавни седници изјавија дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски не се жртви на прислушкување, туку тие биле дел од власта што незаконски прислушкувала. Обвинителите тврдеа дека снимките имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста на обвинетите.
Адвокатите на обвинетите, пак, тврдеа дека прислушкуваните разговори се незаконски стекнати и се нарушува приватноста на обвинетите.
This was both amusing and educational! For those interested, visit: EXPLORE NOW. Looking forward to the discussion!