Адеми на средба со македонско турската комора МАТТО

Министер за образование и наука, Албер Адеми сношти (20.03.2019) беше гостин на на седницата на Управниот Одбор на МАТТО, која се одржа на Меѓународен Балкански Универзитет, ИБУ, членка на МАТТО и турската инвестиција. Обраќајќи се на гостинот, г. Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО и претседател на управниот одбор на ИБУ, го запозна министерот дека оваа инвестициа за сега изнесува 20 милиони еура и дека до крајот на проектот ќе биде вложено исто толко. “На образование гледаме како предуслов за забрзан економски развој, но и како доходовна економска гранка. Во земјата на сите факултети, моментално студират 2500 студенти турски државјани, кои се воедно и промотори  на  Македонија во Турција и потенцијални деловни луѓе“ – истакна Адемоски. Тој додаде дека во Австрија студираат 3000 турски студенти а на Малта 4000, зошто да не ги следиме.

 Г.Проф. Др. Мехмет Дурсун Ердем, ректорот на универзитетот, информираше дека ИБУ е основан 2006 година,  дека ова учебна година се запишани 2000 студенти од 15 земји на 10 факултети. “Ме радува, дека многумина од дипломирани студенти се веќе позиционирани во бизнисот и администрацијата во нивните земји“.

 Г. Имер Селмани, потпретседател на МАТТО и член на УО на ИБУ, го запозна министерот дека ИБУ е во реализација на проектот на основање на медицински факултет, виша школа за медицински сестри акушерки и сестри за парамедика – пружање итна помош, како и основање  висока пилотска школа. За медицински дел, веќе се склучени договори за клиничките предмети со установи  “8  септември“, Аџи Бадем Систина, Стоматолошка клиника УКИМ и Медицински центар Скопје. “Во Македонија делуваат 4000 доктори со просечна старост од  56 години, мораме да образуваме нови кадри за иднина“ – истакна Селмани.

 “Реформа на образование на која работиме треба што побргу да одговори на потребите на пазарот на труд. Со поддршка на Светска банка работиме на ревизија на образовни програми, особено во средното стручно образование. По светски стандарди, наставни програми треба да  се однесуваат  55% на стручни предмети и 45% на општи предмети, Исто така со поддршка на ОЕЦД, УНИЦЕФ и Светската банка работиме и на реформа на основно образование“ – информираше министерот Адеми. Тој апелираше да членките на МАТТО се влкучат во програма за дуално образование, за кое досега е регистриран интерес на 200 компании. Со ЕВН – Скопје е веќе заклучен договор а следи и со ЕВН Охрид. За идната учебна година такови програми се подготвуваат на ниво на Кавадарци и Охрид. “Без директно вклучување на компаниите во оваа реформа нема да има резултати . “Всушност, потребите на економскиот развој ја трасираат реформа. Потребно е да се подготвиме за она што не чека со вклучување во ЕУ и во НАТО“ – порача министерот Адеми. 

One thought on “Адеми на средба со македонско турската комора МАТТО

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *