Јубилејно издание на „Невестинско поклонение“

Во амбиентот на црквата Св. Теодор Тирон во село Конопница, кривопаланечко, вчера се одржа традиционалната културна манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тeодор Тирон“. Настанот се одржува под покровителство на општина Крива Паланка, месната заедница на Конопница,  Центар за култура и  Градски музеј, заедно со Македонска православна црква-Кумановско-осоговска епархија.

Поклонението се изведува ден по празникот Св.Теодор Тирон од страна на невестите венчани помеѓу двете тодорици, кои доаѓаат на поклонение пред светецот барајќи бериќет и пород.

Годинашното јубилејно десетто издание е и меѓународно. Покрај учеснички од државава присуствуваа и снаа со свекрва од општините Трговиште и Босилеград, Република Србија, што според организаторите, е одличен показател дека истата е препознатлив бренд на Крива Паланка.

Градоначалникот на Крива Паланка им се заблагодари на  учесничките за нивниот придонес во збогатувањето и реализација на поклонението и им посака мир и слога во семејството, разбирање и љубов, не само кон сопругот, туку и кон свекрвите, зошто тие се значаен чинител, како во семејството, така и во бракот како институција.

Идејниот творец на манифестацијата Стојанче Величковски вели дека десетгодишниот јубијеј е повод да се сумираат  постигнатите резултати, но и голема обврска за да продолжат со развојот на еден од најоригиналните и најпeрспективните туристички брендови во држвава инспириран од нашето богато нематеријалното настледсtво.

– Токму на десетгодишнината ни се случија две убави работи, манифестацијата доби меѓународен карактеr и воведовме нова традиција, невестите кои минатата година биле главни актери на културните манифестации Пијанечко- малешевска, Шопска и Галичка свадба да дојдат со своите свекрви на еднинствената културна манифестација која е инспирирана и негува автентичен послесвадбен обичај. Така, честа предводник на годинашното невестинско поклонение беше Моника Гоцевска со својата свекрва од Пијанечко- малешевската свадба, а имавме учеснички од Штип, Скопје, Кратово, Ранковце,Босилеград и  Крива Паланка.  Дефинитивно, дворот на црквата св. Теодор -Тирон беше претесен да прими околу 3.000 добронамерници и гости кои уживаа во спојот на прекрасното време, убавиот амбиент и традиционалната манифестација, изјави Величковски.

Како надополнување на манифестацијата во наредниот период ќе се реализира авторскиот проект „Меѓународен конкурс за  карикатура Невестинско поклонение со поддршка на Министерството за култура и општина Крива Паланка“.

По повод традиционалната манифестација  градоначалникот Мицевски приреди прием за официјалните гости : министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, и за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалниците на Кратово Љупчо Бојаџиев, Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска и на Ранковце, Ивица Тошевски, претставници од советите на општините Трговиште и Босилиград.

Во изминатите десет години на „Невестинско поклонение“ учествувале стотина невести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *