Делегација на Поткомитетот за транзиција и развој на ПС на НАТО во посета на Парламентот

Делегација на Поткомитетот за транзиција и развој на ПС на НАТО денеска ќе има средба со шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, Илија Димовски.

Според најавата од собраниската прес-служба, за време на посетата делегација на Поткомитетот во Парламентот ќе се одржи тркалезна маса на тема „Политичката ситуација во земјата, регионалните односи, економски реформи и односи со НАТО“.

На тркалезната маса ќе учествуваат членовите на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на НАТО, координаторите на пратеничките групи, членовите на Комисијата за надворешна политика и членовите на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *