Мелескану-Џафери: Со реформи до старт на преговорите со ЕУ за време на романското претседателство

Реафирмирана поддршката на Романија за евроинтеграциите на нашата земја на средбата вчера во Букурешт на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со шефот на романската дипломатија Теодор Мелескану.

Како што соопшти романското МНР, Мелескану и Џафери, кој претојува во Романија по повод ратификацијата на Протоколот за НАТО во романскиот Сенат, во разговорите ги разгледале билатералните односи и го поздравиле унапредувањето на дијалогот меѓу двете земји, вклучително и на парламентарно ниво.

-Мелескану ја реафирмираше поддршката на Романија за европскиот пат на Северна Македонија и изрази поддршка за имплементацијата на неопходните реформи кои ќе придонесат за донесување на одлуката за отпочнување на пристапните преговори за време на романското претседавање со Европскиот совет, во согласност со заклучоците на Советот на ЕУ од јуни, 2018 година, наведуваат од романската новинаска агенција.јави АГЕРПРЕС

Министерот Мелескану на средбата упатил честитки за Парламентот во Скопје за политичката зрелост со донесувањето на уставните амандмани и прогресот постигнат во изминатата година кој придонесе за потпишување на Пристапниот протокол за НАТО на 6 февруари.

Гласањето на Сенатот денеска ќе ја финализира процедурата за ратификација на Протоколот за НАТО во Романскиот парламент, откако Претставничкиот дом едногласно го поддржа на 27 февруари годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *