Стратегијата за реформи на правосудството на владина седница

Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, доставен од Министерството за правда ќе биде една од точките на дневен ред на денешната владина седница.

На 125. седница на Владата на Република Северна Македонија се поместени повеќе точки на дневен ред.

На предлог на Македонска академија на науките и уметностите на денешната седница ќе биде разгледана иницијативата од МАНУ за зачувување на подвижното минеролошко наследство на земјава.

Владата ќе донесе мислење за Предлог – уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020, што ја предлага Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Министерството за финансии за оваа седница предлага повеќе точки за расправа, меѓу кои и за Политиките за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор, со Акциски план за периодот од 2019 до 2021 година, како и Информација за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт-годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2018 година, за периодот декември 2017 – декември 2018 година и Нацрт-акциски план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2019 година.

На денешната седница владата ќе се произнесе по Информацијата со предлог – мерки за подобрување на состојбите „Услови за прекугранично тргување” согласно препораките на извештајот Doing Business 2018 од Светска Банка.