Пауел: Политичка волја и храбар граѓански сектор за отворено владино партнерство

Северна Македонија има потенцијал за функционирање на отвореното владино партнерство, како најдобар пример во регионот. Многу земји уназадуваат, а отвореното владино партнерство е потребно, особено ако се погледнат загрижувачките тенденциите  во делот на корупцијата во светот, рече Џо Пауел, заменик извршен директор на Отворено владино партнерство, на конференцијата за отворено владино партнерство, што се одржува денеска во Скопје.

Конференцијата „Каде сме и кои се следните чекори во рамки на отвореното владино партнерство“ се организира во рамки на Глобалната недела на Отворено владино партнерство, во рамки на која се одржуваат над 500 настани во 79. држави членки на иницијативата основана пред осум години  како одговор на барањата на граѓните за поголема отвореност и отчетност на владите.