Со посниот ручек на прилепските мечкари во манастирот „Свети Ѓорѓија“, затворен карневалот „Прочка 2019“

Со традиционалниот посен ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп што го организираат „Прилепските мечкари“, заокружено е годинaшново 18-то по ред издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2019“.

Со околу 250 гости,  меѓу кои и 40-члената група од Бугарија, која годинава беше дел од манифестацијата „Прочка 2019“, на трпезата со посен грав седнаа и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и претседателот на советот Миле Талески.

Според Јованоски овој традиционален посен ручек е последниот чин од 18.Меѓународен карневал „Прочка 2019“, нагласувајќи ја улогата на „Прилепските мечкари“ кои ги имаат најголемите заслуги за речиси дведецениската традиција на одржување на карневалот.

-Во петокот беа изложени над 1.000 маски изработени од учениците од прилепските училишта. Во саботата беше организиран детскиот карневал, а вчера беше финалето на „Прочка 2019“. Посебно признание сакам да му искажам на здружението „Прилепски мечкари“, кое секоја година го организира овој ручек. Сето она што со години прават членовите на ова здружение, заслужува почит и е за поздравување, рече Јованоски.

Денеска и официјално почнуваат Велигденските пости.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *