Честитка од Џафери до просветните работници

Дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го честитам 7 Март, празникот на најблагородната професија во светот, празникот на просветителите на нашиот ум, на проширувањето на нашиот интелект со непознати светови, на осветлувањето на нашите срца со нови знаења и нови вештини, пишува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во честитката до просветните работници.

Секоја професија е ценета и има вредност, додава тој, но вашата има исклучителна одговорност.

-Вие сте тие што ги подготвуваат нашите најмили да се соочат со животот, со предизвиците и тешкотиите што ги носи современиот развој и светоглед што се менува од миг во миг. Вие сте тие што го осветлуваат патешествието на новите генерации на кои им ја доверуваме иднината на земјата и на светот. Бидете живи и енергични за величествени успеси, се вели ве честитката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *