Скопје и Софија ќе се фокусираат на поголема трговска размена, железничко и авио поврзување (ДПЛ)

Двоцифрен раст на трговската размена, интензивни активности за железничко поврзување на Скопје и Софија до 2025-2026 година,  соработка за поддршка на претприемачите, воведување авиолинии Скопје-Софија и Охрид-Варна за почеток во текот на туристичката сезона, а потоа и трајно… Тоа се дел од конкретните резултати од соработката во идниот период помеѓу Северна Македонија и Република Бугарија што ја најавија денеска по првата седница на меѓувладината комисија за економски работи ресорните министри од двете држави Крешник Бектеши и Росен Жељазков.

Договорени се конкретни чекори за соработка во економијата, транспортот, енергетиката, туризмот, телекомуниациите, животната средина. Планираните активности, според најавата, треба да бидат преточени во меморандуми и договори во соодветните области што се очекува да бидат потпишани на почетокот на следниот месец од премиерите на двете држави.

– Очекуваме да продолжи зголемувањето на трговската размена и да имаме двоцифрен раст. Еден од заклучоците од денешната седница е и соработка на малите и средни претпријатија, ќе ги користиме искуствата на бугарските компании и тамошната влада во однос на користењето на европските  фондови, со цел да се користат што повеќе финансии од ЕУ што ќе ја зголеми конкурентноста на домашните фирми, рече Бектеши.

Според Жељазков, преземените обврски за поврзување на двете држави имаат реална и конретна рамка за извршување. Планираната изградба на железницата до 2025-2026 година ќе го забрзи превозот на стока и патници и реалзиација на долгогодишниот проект на Коридорот 8.  Активностите и плановите на двете страни се усогласени.

– Од бугарска страна не се изградени само 2,5 километри, а останатиот дел од железничката инфраструктура ќе биде модернизиран, рехабилитиран и опремен со нова сигнализација. Тоа се деловите Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево до границата.Заеднички ќе изградиме двокилометарски тунел помеѓу двете држави, и се планира поврзувањето временски, се разбира во посебни етапи, да биде до 2025 година плус минус една година, рече бугарскиот министер посочувајќи дека амбициозните јасно поставени планови опфаќаат по 400 милиони евра за секоја од државите.

Од македонска страна каде железничкото поврзување се одвива во три фази, според Бектеши, се интензивираат активностите за првата фаза од Куманово до Бељаковце, проектирана е и ќе стартува изградбата на втората фаза до Крива Паланка, а за третиот дел до бугарската граница веќе се бараат пари од меѓународните финансиски институции. – За третата делница имаме и грант од ЕУ; Министерството  за финансии веќе ика испратенбо писмо до финансиските институции да обебзедиме и кредит кој би бил над 300 милиони евра и да почнеме со процедурите за да се гради и третата делница, наведе Бектеши.

Првата седница на меѓувладината комисија по потпишувањето на Договорот за добрососедство резултирала и со конкретизирање на најавите за соработка во енергетиката, а особено гасното поврзување за што треба да следи примена на потпишаниот меморандум за соработка.

– Во областа на енергетиката јасно е истакната желбата за изградба на втор гасен интерконектор Петрич-Струмица и се разбира интересот за учество во платформата  за купување електрична енергија од електроцентралата во Белене, рече Жељазков, изразувајќи уверување дека со конкретните чекори кои може да бидат преземени од бизнисот и граѓаните Балканот може да стане привлечно место за инвестиции и туризам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *