Алтернативната МНР на Грција на средби во Скопје

Дополнително зајакнување на односите меѓу двете земји по потпишувањето на Договорот од Преспа е целта на посетата на Скопје и средбите со политичкиот врв, на алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Анагностопулу вечерва ќе пристигне во Северна Македонија, а во текот на утрешниот ден ќе оствари средби со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Во грчката делегација ќе бидат и пратениците Теодора Ѕакри и Јоанис Сифакис, како и Генералниот секретар за европски прашања и други службеници од Министерството за надворешни работи на Грција.