Во Велес годинава ново осветлување ќе добијат приградските населби индустриски зони и градски улици

 Во текот на 2019 година, согласно програмата за Урбано планирање, комунални дејности на Општина Велес ќе се постави ново улично осветлување во Индустриска зона „ Речани 2”, Индустриска зона „УЗУС“, сателитска населба на Езеро Младост“.

Како што информира за МИА, Јадранка Стефкова од службата за информирање на Општина Велес, согласно барањата на граѓаните осветлување ќе се изврши и на новите и други градски улици.

Инаку, во текот на 2018 година извршено е проширување во мрежата на улично осветлување на повеќе улици во градот и селата.

Поставено е улично осветлување во населба Хабитат. Вредност на проектот 200 илјади  денари. Поставено е улично осветлување на улица „Бане Андреев Ронката“, кај новите зград. Вредност на зафатот 109 илјади денари. Извршено е проширување на мрежата на уличното осветлување во село Ораовец, а вредноста на зафатот е 54 илјади денари.

Извршено е проширување на мрежата за уличното осветлување во село Горно Оризари, преку повеќе одделни зафати. Вредност на зафатот 74 илјади денари. Извршено е и проширување на мрежата на улицата осветлување во село Мамутчево. Вредност на зафатот 109 илјади денари…

-Нашите служби констатираат дека нема позначително оштетување на уличните светилки на територијата на Општина Велес. Инаку, Согласно договорот од 11 декември 2013 година и анексот бр.1 на договорот од 10 јули 2014, а согласно кредитот од  Светска банкабеа заменети сите 3.504 енергетски неефикасни светилки на територија на општина Велес, со исто толку енергетски ефикасни штедливи светилки, информира Стефкова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *