Урсула фон дер Лајен: Грција и Северна Македонија дадоа светол пример за тоа што значи Европа

Компромисите никогаш не се лесни, но го отвораат патот кон подобра иднина. Грција и Северна Македонија дадоа светол пример за тоа што значи Европа, вели министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, прашана за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Длабоко ги почитувам храброста и решителноста на двете земји да одат напред кон Договорот од Преспа. Компромисите никогаш не се лесни, но го отвораат патот кон подобра иднина. Грција има долга и горда историја и ја роди европската идеја на демократијата. Грција и Северна Македонија дадоа светол пример за тоа што значи Европа. Сите можеме да научиме од тоа – и тоа сите нас во Европа ќе нѐ направи посилни, рече Урсула фон дер Лајен.

Министерката за одбрана на Германија, попладневно во Атина ќе има средба со нејзиниот грчки колега, Евангелос Апостолакис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *