Спортската сала во Нов Дојран забрзано се гради

 Подобрувањето на временските услови овозможија да се забрза изградбата на спортската сала во дворот на основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран која е дел од владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски згради.

-Не радува фактот што конечно основното училиште во Нов Дојран ќе добие спортска сала која ќе ги пружа сите услови за непречено изведување на наставата по физичко воспитување, затоа што децата биле и ќе бидат нашиот најголем приоритет, рече градоначалникот Анго Ангов.

За изградбата на спортската сала во Нов Дојран ќе бидат потрошени 24 милиони денари кои се обезбедени од банката за развој при Советот на Европа и од државниот буџет преку Министерството за образование и наука.

Покрај примарната цел, според Ангов, салата ќе може да се користи и за комерцијални цели доколку хотелиерите и приватните сместувачи ја вметнат во своите туристички понуди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *