Дајселблум: Ципрас и Заев беа меѓународно пофалени за Договорот од Преспа

Поранешниот претседател на Еврогрупата, Јерон Дајселблум во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, вели дека Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа лидерство за постигнување на Договорот од Преспа, направија чекор напред за соработка меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во надворешниот свет, иако знам дека е контроверзно или чувствително прашање за Грција, се третира како одличен договор. И двајцата премиери беа меѓународно пофалени за покажаните лидерски способности, бидејќи станува збор за многу чувствителни прашања за историјата и идентитетот. Особено овие прашања бараат лидерски способности за да направиш чекор напред, а зад себе да го оставиш минатото за двете земји веќе да бидат добри соседи и да соработуваат. Така што, мислам дека е нешто многу позитивно и придонесува во позитивна атмосфера што постои во Грција во моментов, вели Дајселблум за АНА-МПА во однос на важноста на Договорот од Преспа.

13 thoughts on “Дајселблум: Ципрас и Заев беа меѓународно пофалени за Договорот од Преспа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *