Кувелис: Договорот од Преспа отвора перспективи за соработка за солунското пристаниште

Министерот за поморство на Грција, Фотис Кувелис, смета дека со Договорот од Преспа се отвораат можности за соработка за пристаништето во Солун.

Кувелис во изјава за грчката новинска агенција АНА- МПА, вели дека „пристаништето не треба да гледа само кон морето, туку да гледа и кон градот и кон поширокиот регион“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Договорот од Преспа навистина отвора можности за да постои таа соработка со конкретен економски резултат, што многу позитивно го опфаќа целокупното прашање на развој за пристаништето и регионот, вели Кувелис, одговарајќи на прашањето на АНА-МПА за перспективите што ги отвора договорот меѓу Северна Македонија и Грција.