ЕФИКАСНОСТА НА РОМАНИЗАЦИЈАТА ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА И ВО ИСТОЧНИТЕ ЗЕМЈИ
Околу еден век по Александар, големиот научник Ератостен зборуваше како претставник на современ елинистички човек, кога ги укоруваше оние што како Аристотел наспроти Александар Македонски, ги поделија луѓето на антички Грци и варвари. Притоа, првите да бидат третирани како пријатели, вторите како непријатели, а бараше тие подобро да се поделени на добри и лоши според своите морални и интелектуални квалитети, бидејќи имаше многу лоши антички Грци, а меѓу варварите многу образовани, како на пример, Индијците и Иранците, а исто така и Римјаните и Картагенците, кои на политички план заслужуваа восхитување.
Ова кажување од Ератостен, во кое тој чисто и јасно ги изнесе резултатите на практиката од овој револуционерен век, стои како граничен белег во историјата на антички Грци. Старата епоха во која имаше силен антички национален сентимент престана, а нејзиното место беше заменето со идејата на интернационалното државјанство на светот. Мора да. се обрне внимание на уште една од последиците на оваа промена која постепено зрееше од времето на Александар Македонски.
Влијанието на Александар Македонски за ширењето на античката грчката култура не беше ограничено само на Исток. Победоносниот марш на елинизмот кон Запад не треба да се сфати надвор од неговото животно дело. Иако тој не ги спроведе своите последни планови, кои беа насочени кон Запад, сепак со поставувањето на основата за светското ширење на атичката грчката култура во неговата Источна империја, Александар Македонски создаде услови за нејзина експанзија и кон Запад, надвор од политичките граници на своето кралство.
Дури и пред неговото време, античката грчка култура направи извесна експанзија подалеку на Запад; но освојувањето на Рим од елинизмот, а тоа е она што е вредно во историјата на светот никогаш немаше да заземе место какво што го имаше, без да се создадат услови за тоа. Бидејќи во периодот на кралевите на Рим беа преземени многу елементи на античката грчка култура преку античките градови во Долна Италија, прво азбуката, потоа култот на боговите, уметноста и некои законски норми – сепак тоа беше само капка во споредба на широкиот поток, со кој во голема мера од средината на третиот век пред н.е. античката грчка култура го засити римското општество.
Почетокот на овој процес започна во 240 година, една година по победоносниот крај на Првата пунска војна, кога атичкиот слободњак Ливиус Андроникус од Тарентум првпат направи латински превод на античкото уметничко дело за римските игри. Има две работи карактеристични за Рим во оваа смисла.
Римски војници
На прво место тоа беше Сенатот по чии наредби беше изведено делото. Многу значајно е да се одбележи дека овој чекор дојде официјално од власта. Ако се знае дека тоа беше Сенатот кој пред дваесет и осум години ги иницира сребрените пари со кои ја воведе римската трговија во елинистичката трговска зона, многу е значајно што истиот Сенат сега го нареди изведувањето ва античкото дело.
Тоа го оправдува постоењето на програма за културата, паралелно со економската програма. Сега се бараше спојување со елинистичкиот свет преку интелектуалната сфера. Затоа изгледа легитимно да се каже дека елинизирањето на Рим го пресоздаде животното дело на Александар Македонски. Ако античката грчка култура не постигнеше широка светска позиција, Сенатот немаше да согледа и да ја воведе во Рим.
Второ, тоа беше највисок дострел кога беше направена античката грчка претстава на латински јазик. За идната историја на Европа тоа беше важен момент што Римјаните, откога ја презедоа античката литература, го прифатија латинскиот, односно својот мајчин јазик. Оваа независност што Римјаните ја задржаа против странската култура ги разликуваше од ориенталските народи, а одговара на нивната силна и горда национална самосвест, во што лежеше тајната на нивната извонредна моќ.
Но, бидејќи од почетокот античката грчка поезија се задржа на латински, латинската проза се’ уште не беше развиена и првите имитации на античката прозна литература во Рим беа на антички јазик. Првиот Римјанин кој имаше намера да напише римска историја, Фабиус Пиктор – римско копие на Берос и Мането – на крајот од третиот век го напиша своето дело „Летопис” на антички јазик, а така направија и неговите следбеници. Като постариот во вториот век беше првиот кој состави латинска историја во своето дело „Оригиналност”. Оттогаш па наваму Римјаните ја пишуваа својата проза само на латински јазик.
Овде не е местото да се опише како оваа елинизација, свечено воведена од Сенатот, претставник на владејачката аристократија, силно се прошири во римското општество во наредните векови, особено во кругот на Скипиосите во вториот век. Треба само да се каже дека во јазикот, како и во другите работи, а особено во уметноста, Римјаните наспроти целата елинизација, постојано го бранеа својот посебен карактер, така што резултатот беше грчко-римско мешање, чиј квалитет, иако определен од античкиот составен дел, сепак поседуваше еден специфичен римски тон.
Кај Цицерон и поетскиот круг на Август ова грчко-римско мешање на културата постигна дострел што ја издигна многу повисоко од декадентната античката грчка култура во тоа време. За целиот тек на подоцнежната европска историја до денешен ден, беше од огромна важност тоа што Римјаните постојано постигнуваа успех во ширењето на оваа грчко-римска култура на Запад од континентот, особено во Шпанија и Галија.
Тие го поставија камен-темелникот на романските нации и нивната култура и одлучија латинскиот да биде јазик што ќе се употребува на Запад, како што беше античкиот на Исток. Треба да се одбележи и тоа што грчко-римската култура која разви една уметност на почетокот на империјалната епоха, имаше втор ефект на Исток сега под римска власт, особено во Сирија, каде што Римјаните изградија големи згради во Балбек и Палмира.
Суштествената независност и важноста на оваа грчко-римска мешана култура присилува да се прекине елинистичкиот период со Август, a co него и да почне една нова епоха на древната историја, а тоа беше Римската империја.
Додека романизацијата во западна Европа ги покажува своите ефекти и до денешни дни, елинизацијата на Исток го напушти ориентализмот. Оваа разлика се објаснува не само со предимствата на римскиот метод на колонизација и со силната заштита што Римската империја ја задржа во колониите на Запад, туку главно и поради тоа што на Запад прашањето за воведување на култура беше сред варварските народи, кои беа на инфериорно рамниште, додека на Исток задачата беше да се прошири античката грчка култура кај народи со цивилизација од висок степен.
На Исток би имало вистинито војување на културите. Треба да се каже дека кога Александар Македонски дојде кај овие ориенталски народи, зенитот на нивниот развој беше поминат со векови, па дури и милениуми; нивната креативна моќ беше изумрела, а нивната состојба беше главно во стагнација.
Ho, античката грчка култура со Александар Македонски и со неговите наследници им понуди разбудување од долгиот сон. Без разлика дали тие допуштаа оваа античка грчка култура да влијае врз нив, или чувствуваа поттик да се противстават, нивните интелектуални сили се зајакнаа, a нивниот живот почна да пулсира посилно.
Борбата за триумф запираше до границите на Исток; растежот на ориенталците одговара на постепеното намалување на античка виталност. Имаше различни причини за тоа. Најнапред треба да се нагласат разорувачќите ефекти на мешањето на колониите со различни ориенталци, кои во тоа време ја изменија положбата на античкиот свет на Исток.
Исчезна моќта и желбата за противставувањето на ориенталството: ориенталските жени ги донесоа своите обичаи, а над се’ својата религија во античките грчки фамилии. Потоа беше многу значајно влијанието на различната клима, што предизвикуваше прифаќање на ориенталските навики. Кога Ливи говореше во 189 година, рече дека античките Македонци кои живеат во Александрија, во Селеукија и во други колонии се изопачија во Египќани, во Сиријци и Партијци.
Во тоа време имаше и некои реторички преувеличувања, но исто така имаше и вистина. Најопасна работа, меѓутоа, беше таа што античките Грци ја загубија, како што видовме, својата горда национална самосвест, која пред тоа беше изразена во антитезата на античките Грци и варварите, a co тоа го загубија и силниот импулс за развој на своите национални сили. He e случајно што големите дела на античката грчка култура која поседуваше вечна вредност беа создадени не во деновите на космополитизмот, туку во оние претходни векови кога античките Грци гордо свесни за својата моќ и супериорност, ја избраа формулата со која го изразија своето национално чувство.
Секако, елинизацијата на Исток, онолку колку што успеа, беше голем подвиг на дел од античките Грци, но главната придобивка им припадна на ориенталците: тие по правило беа оние што примаа, а античките Грци беа оние што даваа; и на крајот, со губењето на своите национални чувства, античките Грци се откажаа од тоа.
Потоа, значаен момент што доведе до распаѓање на античката грчка моќ беше владеењето на Римјаните, кои во вториот век го парализираа античкиот свет и имаа надмоќ над Античка Грција. Полошо од економските резултати беше интелектуалното угнетување. Ниедна нација не може да просперира ако нема целосна слобода; ако е под туѓа власт положбата и е безнадежна; како во овој случај кога немаше напредок ни обновување на слободата. Загубена е мисијата на нацијата што повеќе не може да верува во самата себе.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН