Џафери во Црна Гора ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за НАТО

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска и утре ќе престојува на работна посета во Црна Гора, каде што ќе присуствува на чинот на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора што е најавено за 1 март 2019 година.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во рамки на посетата Џафери ќе има и билатерална средба со неговиот домаќин претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.