Значајни подобрувања на условите во детските градинки во Гевгелија

Општина Гевгелија континуирано презема активности со кои се подобруваат условите за престој и развој на децата во градинките, а се олеснуваат и условите за работа на персоналот, кој е задолжен да се грижи за нив.

Од општината потврдија дека занималните во трите детски гадинки во Гевгелија се опремени со нови масички, столчиња и креветчиња.

– Во сите градинки во Гевгелија во текот на 2018 година беа обновени кујните со нови кујнски апарати, беа набавени ЛЦД проектори, компјутери и правосмукалки. Покрај ова сите објекти во градот ги опремивме со клима уреди, ново осветлување и со камери за поголема безбедност на децата и персоналот, посочија од општината.

Поединечно, во централната детска градинка „Детска радост“ беше изградено игралиште и за прв пат беше набавено службено возило,во градинката „Цветови“ беше извршена замена на старата со нова ПВЦ столарија, а во градинката „Сончогледи“ беше поплочена пристапната патека до објектите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *