Соопштение за јавност за прилогот на Би Би Си за Егејска Македонија

Тоа што нема храброст да го стори Јавниот радиодифузен сервис, чиј буџет се полни од џебовите на Македонскиот народ, го направи Би Би Си. Реномиран странски медиум ја раскажа болната вистина за нашите браќа и сестри од Егејска Македонија. Истовремено ги разобличи шарените лаги на изродите на Македонскиот народ. Преку интервјуто на адвокатот Македонец кој сведочи како Грција ги асимилирала и на сила им забранува да го зборуваат Македонскиот јазик, на еден јасен начин се отсликува вековната голгота на Македонскиот народ кој е жртва на една историска неправда како Букурешкиот Договор. Овој прилог на Би Би Си потврди дека Немакедонската Влада ги остави на милост и немилост нашите браќа и сестри во регионот и со капитулантскиот договори со Грција и Бугарија, Заев, Димитров и Шекеринска срамно прифатија дека Македонци нема во Егејска и Пиринска Македонија.

НИЕ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД БОРБАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРАВА ЗА НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ВО РЕГИОНОТ. ЗАТОА Е ВАЖНО ПОСТОЕЊЕТО И ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ТВ СОНЦЕ. ДОДЕКА ДРУГИТЕ СЕ ПЛАШАТ, ТВ СОНЦЕ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕГА ОД СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТОА ШТО СО СВОЈ ПОТПИС НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МУ НАМЕТНА НОВ ВЕШТАЧКИ ИДЕНТИТЕТ И ЛАЖНА ИСТОРИЈА! ПРЕДАВСТВОТО НЕ Е ДИПЛОМАТСКА ПОБЕДА! И БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ДОБИЈА СЕ ШТО БАРАА!

СЕГА ДОПРВА ЌЕ БОЛИ! НАЦИОНАЛНИТЕ ПОРАЗИ СЕ НАША РЕАЛНОСТ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАЛ, НЕМА НИ СЕГА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *