РАЗГОВОРИ И НАСТАНИ ЗА СВЕТА БОГОРОДИЦА – III ДЕЛ

РАЗГОВОРИ И НАСТАНИ ЗА СВЕТА БОГОРОДИЦА – III ДЕЛ

Исто  така при нашата посета на манастирот Света Богородш како Слимнички манастир, кога се празнува Мала Богородица и цела Преспа, имавме можност да дојдеме во контакт со повеќе луѓе од овој крај и, меѓу другото да ги забележиме следниве искажувања:

Разговор со Методија Митревски

Методија Митревски е роден 1933 година во село Сливница. Завршил четиригодишно основно училиште. Тој го раскажа следново:

„Јас ќе кажам нешто од татко ми. Тој почина пред три години. Татко ми кажувал дека бил овчар овде, а тогаш овците ги паселе ношја. Баш овде, некаде во близината, било среде ноќја, месечина, a бил со еден друг од Сливница, исто така веќе умрен. Татко ми бил легнат, а овците лежале. Едно време ми кажува: Гледам врви жена со две дечиња. А тој им вели на дечињата: Еј, види бајчиња! Таа си дојде по патот, овде имаше порта, голема порта отастрана и, кога таа влезе во портата, јас тогаш станав. Кога ропна портата, тогаш станав и му велам на Ристо: А бе Ристо, ти виде ли нешто? He ja виде, сега помина Богоројца!

Татко ми го раскажувал и ова, а целото село го знае ова негово раскажување. Било навечер, тој слегувал со овците за в село. Сонцето веќе заожвало. И татко ми раскажува: Една жена од село, нагоре, облечена во црно, иди нагоре, a ce стемнува. Јас викам поимено на една жена што ми заличила на неа. Жената не се одзва никако. Си продолже жената, ја гледав, ја гледав, не се врати повеќе назад. Според татко ми таа жена била или света Петка или Богоројца.

Има уште една работа. Мајка ми Бојана Митревска, а татко ми бил Борис Митревски, како на соне, како на јаве, таа раскажуваше нешто. Излегла кај црквата наша, реката преполна течела многу, излегла да не види нас децата, кој со волој, кој со овци, да не не крени реката. И отастрана гледа жена и ја прашала: Мори сестро, што бараш? А татко ми вежба беше. Мајка ми одговорила: Борис ми е вежба, а децата се со волојте, реката надошла, да не ми ги крени децата. Жената ѝ одговорила: Слушај, јас сум лично Богоројца.

Бев овде кај сестра ми, а нашата црква била Света Петка. Ѓомити тие две биле сестри. Богоројца продолжила: Јас бев кај сестра ми и сега си одам нагоре, оди си ти дома, реката ќе претера. А Борис вечерва ќе ти дој и на пенџеро ќе ти ропни. И сето тоа се случи. Татко ми дојде другата вечер. Мајка ми го кажуваше ова многупати.

 

Татко ми има видено и уште еден случај. Ние имаме видено уште нешто отастрана во Шуица во Света Петка. Шуица е околу два километри одовде. Сега таму има само дабје, грмади камења и црквичето што го напрајвме. Татко беше овчар, слегувал со овците и видел жена како слегува од Шуица надолу. Била на 200-300 метри од него. Била со црвена шамија. Татко ми раскажуваше: Јас ја гледам и и свирнав. Таа не се опули, само си сврти лево, таму има едно речиште, влезе во реката и не ја видов појќе.

Има и еден друг случај. Има една жена од Србија, мажена во Крани. He знам како се вика, но мажот и се вика Славе. Биле одени во Шуица по дрва. А Шуица е ваковско место, до манастирот Света Петка. Таму и се јавила жена и и рекла: Мори ти, што си дошла овде, а мајка ти ти умира во Србија. А ти си дошла овде да бериш дрва! Таа му рекла на мажот: Mope Славе, што си ме дојсол овде, Бог да те убие, ова место да не е ваковско? Овде ми се јавува жена и ми зборува. Да си одиме дома! Едно зборење и си отишле дома.Таму нашле писмо дека мајка е умрела“, ни изјави Методија Митревски

Разговор со Ристосија Јаневска

Ристосија е родена во селото Крани во 1920 година. Живеела цело време во Крани, a завршила четири одделенија основно школо. Таа го раскажа следново:

„Богоројца да ги брани сите наши луѓе, силни и веселни да бидат. Мојот татко Ристо Јаневски ојде по дрва. На коњ беше качен, имаше дрвја дабје кај манастирот Богоројца, најгоре, во Арвати. Кога тате врвел на коњо, скршил праче од дрвото, за да го тера коњо. И кога скрши така прстите му останаа. Згрешил, не смеело таму да се гиба. Местото беше на Богоројца. И така му остана прсто, а тате веруваше дека е од Богоројца.”

D3

Олтарот во Св. Богородица во Сливница

Ha 12 август 2005 година во манастирот Света Богородица го запишавме и најновиот настан од домаќинот Бошко Нечовски. Тој ни изјави:

„Двајцата браќа Горан и Владе Диневски од селото Штрбово, заедно со Драги Коруновски од Сливница, фотографирале на една свадба во Битола. Потоа дојдоа во манастиров да го фотографираат. Жената на Владе беше бремена. Јас со Горан бев во црквата. Едно време, на залез сонце, гледам од црковната порта, Владе и Драги се наведнале од левата страна на главната дворна манастирска порта и нешто чудно ми стоеја наведнати.

Јас ја затворив црковната врата и се упативме кон нив. Ги запрашав што прават. Тие ми одговорија: Кога се приближивме до портата двајцата слушаме убава музика и цело време гледаме од каде доаѓаат звуците, кога ништо не гледаме. Јас не слушнав никаква музика, таа престанала кога ние се приближивме до нив.

На враќање од манастирот, на патот, Бошко го натера нашиот возач да застане. На патот поминуваше очевидецот на настанот во манастирот, сосема случајно. Истиот го раскажа настанот буквално како што го пренесе Бошко, со дополнение:

„Мене тој настан и денес ме вознемирува, бидејќи многу јасно ја слушав музиката од ѕидот на манастирот, не гледав никаков инструмент, ниту било каков човек. А сигурен сум дека слушав убава музика, не само јас, туку и мојот придружник. Кога се приближија другите од манастирот музиката престана.”

За повеќе чудни настани за силата на Богородица во овој манастир ни раскажа Бошко Нечовски, на 12 август 2005 година. Тој не информира следното:

„Димче Лозановски од село Сливница зел жена од Ресен, Соња. Десет години беа во брак, но немаа деца. Димче работеше во манастирот, честопати носеше песок без пари, а и Соња помагаше во манастирот. Еден ден мојата сопруга Ангелина Нечовска сонила сон како и дошле две жени, облечени во црно и како едната и рекла:”Да им кажеш на Дим-че и Соња дека сега ќе им се роди машко дете, а после ќе имаат и женско“. Ние двајцата не им кажавме за сонот. Дури кога Соња остана бремена мојата жена и кажа за сонот.”

Исто така дознавме за случајот со Борис Стојановски. Имено:

„Борис Стојановски од село Сливница ги пасел овците над селото Сливница, на патот кон манастирот. Во еден миг видел на патот жена и ја препознал Борисица. Се зачудил како оди на зајдисонце кон планината!? Се упатил Борис кон неа но, токму кога бил до неа, кучето залајало и жената веднаш исчезнала. Борис сфатил дека ја видел Богородица.”

За случаите за Стојан Наумовски и Риесто Митревски ни беше кажано следното:

„Стојан Наумовски од село Сливница ги пасел овците кога заврнало. Во дождот видел пред себе лекар во бел мантил. Се качил на камбанаријата и ги удирал камбаните. Потоа го снемало.”

„Ристо Митревски, претседател на Црковниот одбор, бил војник во Кралска Југославија. Целиот вод се разболел, а и Ристо бил пред умирање. Во еден миг Ристо кренал два прсти, се прекрстил и ѝ се помолил на Богородица: Мајко Богородице, ако ме спасиш, имаш два златници! Целиот вод изумреле, само Ристо останал жив. Потоа ги спуштил двата златници пред иконата на Богородица во манастирот и живеел до 90-та година”, бевме информирани за случаите поврзани со света Боготодица.

Продолжува

 

Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *