Пробив на Римскиот експансионистички економски круг на сите страни на светот

ПРОБИВ НА РИМСКИОТ ЕКСПАНСИОНИСТИЧКИ ЕКОНОМСКИ КРУГ НА СИТЕ СТРАНИ НА СВЕТОТ

Влегувањето на Рим во елинистичкиот трговски систем беше изведено по мирен пат. Наскоро по заминувањето на Фирус од Италија, Филаделф, кој тогаш ја имаше на своја страна својата умна сестра и нејзиниот сопруг Арсиное II, испрати амбасадор во Рим за да честитаат за победата, а римскиот амбасадор во Александрија му ја возврати благодарноста на граѓанството, и така се изгради традиционално пријателство меѓу Египет и Рим.

Неколку години подоцна, откако ги покори античките грчки градови во долна Италија и го презеде обучувањето на новопотчинетите, Рим на непогрешлив начин ја прогласи својата определеност да влезе во конкуренција со други трговски држави. Тоа беше периодот кога почна да станува активен римскиот експанзионистички круг и кога се проби аграрната политика што доведе до Првата пунска војна (264).

Четири години пред тој пресвртен момент (268), кога со право се гледаше дека Рим не би можел да успее меѓу современите трговски држави со своите несоодветни бакарни метални пари, откако претходно се обиде со кампанијанската валута, Сенатот реши да воведе сребрени пари (денариус), според моделот на драхмата на Александар Македонски.

За да се снабдат со нови ковани пари за промет, на денарот му беше дадена малку поголема вредност од драхмата на Александар. Некој можеби се одушевува на валутата со која Сенатот ја овозможи оваа циркулација во новата држава на светот. Кругот тогаш беше затворен, кој го обедини целиот свет во еднообразен систем на трговија, со што семето на Александар Македонски навистина изникна.

Alex2   Alex3

Во доменот на културата подоцнежните ефекти на Александровиот период беа подлабоки и потрајни отколку на полето на политиката и економијата. Но тие многу потешко може да се насликаат, бидејќи има голем број изолирани феномени кои се протегаат во целиот свет од Шпанија до Кина. Тука можат да се забележат широки линии на развој и со одделни примери да се илустрираат победоносните напредувања на елинизмот, најнапред на Исток, подоцна под водство на Рим на Запад, а потоа, будењето и засилувањето на ориенталските реакции кои на крајот водеа кон ориентализација на Исток, а делумно и на Запад.

Александровиот водечки принцип за проширување на источната античката грчка култура, која дури и пред неговото време започна да ги минува границите на античкиот грчки свет, свесно и решително беше усвоен и спроведен од неговите наследници. Особено Селеукидите, кои и од политички и од економски аспект имаа најголем интерес да привлечат што е можно повеќе антички Грци и античкиа Македонци во своето кралство, во голема мера обезбедија соодветни услови за развој на античкиот грчки живот во многу градови што ги изградија по примерот на Александар Македонски.

Така, во средината на ориенталскиот свет се издигнаа антички грчки полиси, чии граѓани ги донесоа со себе и продолжија да го употребуваат античкиот јазик и религија, законот и општествените обичаи. Овие градови беа декорирани со пазари и јавни згради за нивните совети и собранија каде што се состануваа и со храмови на античките грчки богови. Насекаде спортските сали беа градени со училишта и бањи, бидејќи античките Грци добро знаеја дека нивното национално гимнастичко тренирање, кое целосно беше туѓо за ориенталците, беше најдобро средство за зачувување на својот посебен карактер.

Тоа беше нивната цел, односно по секоја цена во првата генерација, кога се’ уште се чувствуваа дека се победничка и доминантна раса, да станат супериорни над ориенталското домашно население. Во втората книга на Макаби (IV.13) гимназијалскиот систем е добро опишан како „крајност на елинизмот”. Природно, концентрацијата на атичкото население беше поголема во главните градови на Селеукидите – Селеукија, на реката Тигар, и Антиох. Овие два града играа голема улога во интелектуалниот живот. Иако во Антиох имаше голем прилив на Сиријци, Евреи и други туѓинци, сепак Селеукидите настојуваа, не без успех, да го зачуваат атичкиот карактер на својот град.

Птолемејците, меѓутоа, успеаја во уште поголема мера своите главни градови да ги развиваат во центри на елинистичката култура. Вистина е дека многу туѓинци се населија во Александрија заедно со атичките Македонци и граѓаните на атичките грчки полиси. Ракотис, исто како и порано, остана египетска четврт, а во прво време странците од сите делови на светот се собираа тука, како што тука се собираа во поголем број Евреи кои имаа посебни права во заедницата, надвор од телото на граѓаните, т.е. „Политеума”.

Alex4

Александрија

Наспроти интернационалниот карактер што наскоро Александрија го стекна, таа стана центар на атичкиот грчки интелектуален живот, благодарение на првите два Птолемејца, кои веднаш мислеа да го направат главниот град колку што е можно повеќе интелектуален и артистички центар на целиот цивилизиран свет. Тие успеаја овој период од историјата на цивилизацијата да го наречат „александриски”.

Овој опис е даден од современите писатели, бидејќи Александрија секако беше еден од најголемите центри во тоа време, а и многу векови потоа играше важна улога. Во тој период беше престолнина за изучувањето на различни гранки од науката. По смртта на Аристотел, кого го прифати целата светска јавност, овие гранки на науката, почнувајќи од филозфијата, се одвоија повеќе независни предмети на истражување.

Во Александрија оваа нова наука го достигна својот зенит во третиот век. Но Атина сепак остана центар на филозофијата, која можеше да се развива подобро во нејзините мирни околни места отколку во бучниот кралски двор. Во Атина продолжија да егзистираат не само старите училишта, како што беа академијата и перипатетичките, туку беа основани и нови од страна на Зенон, основачот на стоичкото училиште, и од Епикур, иако не беше Атињанин.

Птолемеј I, кој имаше намера да ја развие и филозофијата, се обиде да го привлече Теофраст, водачот на перипатетичкото училиште да дојде во Александрија, но Теофраст ја одби поканата, како што направи Менандер комичарот, па така Атина сепак остана домот на новата комедија.

Заради Птолемеј I новата научна гранка го најде својот дом во Александрија, а создавањето на музејот за неа беше од најголема важност во тој однос. Веројатно во организирањето помагаше Деметри од Фалерум, ученикот на Теофраст, кој отиде во неговиот двор, откако неговата политичка кариера во Античка Грција беше при крај. Но, иако Птолемеј ги слушаше неговите сугестии, можеше да се претпостави дека самиот имаше личен интерес за овие студии.

Еден од најстарите пријатели од младоста на Александар Македонски, кој како „телохранител” беше во најтесни врски со него во текот на азискоагичкиог поход и беше сведок за неговиот пасиониран интерес во науката, тој несоменно му го должи овој интерес на своето дружење со Александар Македонски. Бидејќи Птолемеј остави нежни спомени за својот кралски пријател во својата книга „Мемоари”, несомнено во неговата величествена слобода кон науките кои му беа омилени, тој се однесуваше онака како што би направил Александар Македонски.

Всушност, Александар Македонски беше првобитниот извор на култивирање на науката во Александрија. Музејот, наречен по култот на Музата, беше устроен по моделот на Лицеум, школата на Аристотел, но не беше наменет да служи за учење толку многу како за научно иследување. Тоа може да се нарече со современиот израз „Кралска академија”. Кралот ги викна на помош највидните учени луѓе од различни гранки и им даде издршка и плата, за да ги продолжат своите истражувања без материјални грижи, што беше невообичаено и непознато во прекуморските полиси.

Како и во Лицеум, Аристотел ги снабди со средства за научно иследување, така што во голема мера беа набавени потребните апарати. Најважна беше изградбата на библиотеката, формирана од Птолемеј I no совет и со помош на Деметри, а комплетирана од неговиот син Филаделф. Првпат во античкиот свет се појави библиотека, каде што целото богатство на античката литература беше собрано во неколку стотици илјади папирусни ролни.

Во Серапеум Филаделф создаде уште една помала библиотека. Подоцна, во ривалство со Птолемејците, Аталидите изградија библиотека во Пергам, што е потврдено од најновите ископини. Ништо не може да се спореди со библиотеката .на Птолемеј, но зачувана е и голема клинеста библиотека формирана во седмиот век од Асурбанипал, кралот на Асирија, врз чии остатоци, главно, се потпира познавањето на старата вавилонска литература.

Alex5

Меѓутоа, овој акт на Асурбанипал е за одушевување и е важно да се согледа разликата меѓу ориенталскиот деспотизам и просветениот апсолутизам на Птолемејците. Клинес-тата библиотека на кралот беше сместена во неговиот двор во Нинева „со цел и тој лично да чита”, додека библиотеката во Александрија служеше за општите цели на науката. Од буквалниот критицизам и толкувањето на овие литературни богатства, филологијата се разви како нова наука.

Продолжува

Slav

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *