МД „Илинден“ го честиташе Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Македонско друштво „Илинден”со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упатува честитка до македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

– Честитајќи Ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонско потекло во Албанија значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Во честитката на која стои и македонската азбука, се потсетува дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се одбележува од 1999 година, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичноста

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *