Османи: Имплементацијата на Планот 18 основа за уште еден позитивен извештај на ЕК

Имаме исклучително успешна динамика на имплементација на предвидените реформи  од Планот 18, што верувам дека ќе резултира со уште подобар извештај на Европската Комисија од минатогодишниот, заедно со уште една безусловна препорака до Советот на ЕУ, оценил денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на брифингот во Брисел со претставниците на Работната група при Советот на Европската унија за Западен Балкан /проширување (КОВЕБ/КОЕЛА).

Османи, соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања,  на состанокот изразил очекување дека напредокот ќе резултира со потврда на одлуката на Советот на ЕУ во јуни, за почеток на преговори со Република Северна Македонија.

Османи брифирал за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на подготовка на земјата зa почеток на преговорите за членство со ЕУ посочувајќи притоа на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

При посетата на Брисел вицепремиерот Османи ќе учествува и на брифингот во  тинк-тенк Центарот за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“ и на конференцијата „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа”, во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).

Најавени се и средби на Османи со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, како и со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *