Амбасадорот Река и почесниот конзул Имер Селмани на сочувство кај градоначалникот Таравари

Амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река и почеснипот конзул Имер Селмани на денешната посета на Гостивар на градоначалникот, Арбен Таравари изразија сочувство за загинатите во автобуската несреќа на 13 февруари и посакаа што поскоро оздравување на повредените.

– Го информирав амбасадорот дека постојано сум во контакт со медицинските екипи и хоспитализираните пациенти и дека повеќето од нив се во стабилна состојба и дека тројца пациенти се во критична состојба, но се надевам дека ќе се надмине оваа ситуација, бидејќи верувам во капацитетот на медицинскиот персонал и зашто станува збор за релативно млади пациенти, изјави Таравари по средбата.

Амбасадорот Река рече дека е дојден во посета за да се солидаризира со болката и да понуди помош, доколку е потребна.

Почесниот конузл Имер Селмани искажувајќи длабоко сочувство, напомена дека случајот треба да биде поука за државните институции. – Треба да се преземат многу повеќе мерки за да се избегнат вакви трагедии, подвлече Селмани.