Осветувањето на црквите „Св. Петка“ во Сиднеј, „Културно-просветниот центар “ ВО Епинг и манастирот „Св. Наум Охридски“ во Мелбурн

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО

Црковната активност во Сиднеј започнала во 1977 година со посетата на делегација на Македонската православна црква предводена од поглаварот архиепископот г.г. Доситеј и митрополитот г. Кирил. За Културно-просветниот центар „Епинѓ’, каде денес се наоѓа новата црква „Свети Ѓорги и Света Богородица“, темелите ги удри митрополитот Кирил во 1981 година. Манастирот „Свети Климент Охридски“, што се наоѓа на осумдесетина километри од Мелбурн во месноста „Кинг Леик” (Кралско Езеро) е прв македонски манастир во дијаспората и е осветен на 29 јануари 1978 година од архиепископот на МПЦ г.г. Доситеј, заедно со митрополитот г. Кирил и повеќе македонски свештеници

Сиднеј го сметаат за еден од најубавите градови во Австралија и во светот, чии симболи се Мостот над заливот (Харбор Бриџ) и Оперската куќа (Опера хаус), која што оддалеку потсетува на огромен лебед со раширени крилја, скаменет како стражар вечно над синиот Залив. Една од општините на тримилионскиот Сиднеј е Рокдел, која што е оддалечена дваесетина километри од центарот на метрополата и се наоѓа во близина на заливот Ботани, каде што во минатото се истоварил капетаног Џејмс Кук, поставувајќи ги темелите на денешна модерна Австралија.

Таму, во Рокдел, каде што се зборува англиски и македонски јазик, живеат неколку десетици илјади Македонци. Меѓу нив најбројни се од битолско-прилепскиот и охридско-преспанскиот, струшкиот и други региони. Често се вели дека селата Цапари и Ѓавато, Битолско, се преселиле во Сиднеј. Во Рокдел, збратимениот град со Битола, Македонците имаат поголеми можности да ја развиваат својата национална свест и да ја шират македонската култура, јазик, традиции…

K2

„Св. Петка“ во Сиднеј

Во монографијата „Митрополитот Кирил“ се дадени бројни податоци за црковно-духовниот живот на Македонците во Австралија. Така, за Рокдел се вели дека црковната активност започнала во 1977 година со посетата на делегација на Македонската православна црква предводена од поглаварот архиепископот г.г. Доситеј и митрополитот г. Кирил. Поголемиот број активисти на Одборот за изградба на црква беа членови на КУД „Илинден”.

Меѓу нив посебно место им припаѓа на Паско Грбевски, кој беше прв претседател, Јоне Белчев, Перо Кикереков, Јонче Кокаловски, Кире Циревски, Митре и Лазо Дупешовски, свештеникот Александар Ивановски и многу други општественици и патриоти од македонската колонија во Сиднеј.

Co собраните средства од доброволни прилози Иницијативниот одбор со помош на сите Македонци од Рокдел, купи една стара куќа, ја урна и на нејзиното место за неполни три месеци во текот на мај 1977 година, беше изградена МПЦО „Света Петка“, заедно со потребните помошни простории. Веднаш потоа беше извршено осветување и изведена првата литургија на македонски мајчин јазик од архиерејскиот заменик прота Спасе Стефановски, а во импозантно присуство на повеќе илјади Македонци.

Меѓутоа, најсветол ден за оваа црковна општина ќе остане 19 февруари 1978 година. Големото осветување од страна на архиепископот охридски и македонски, г.г. Доситеј во сослужение на тогашниот австралиски митрополит г. Кирил и голем број македонски свештени лица. Чинот на осветувањето беше извршен во исклучително ретка атмосфера која ја создадоа над десетина илјади Македонци од Сиднеј и други места во Австралија.

Инаку, идејата за формирање црковни општини и за изградба цркви во Австралија се роди во редовите на МАНС уште пред неговото формално распуштање. Така, како резултат на силните национални чувства и свест кај Македонците во Мелбурн, во 1955 го-дина се преземени почетните подготовки за формирање на првата македонска општина „Свети Ѓорги“ во Мелбурн.

K3

„Св. Ѓорѓи и Св. Богородица“ во Епинг

Првиот јавен собир се одржал на 14 мај 1956 година, на кој беше решено да се формира македонска црковна општина и да се поведе акција за собирање средства за изградба на македонска црква. За прв претседател на Комисијата беше избран Васил Мојанов, а за секретар Петре Божанин. Потоа, како на филмска лента се спроведуваа безброј активности.

Така, на Илинден 1958 година беше поставен камен-темелник на црквата Свети Ѓорги, по изградбата, односно адаптирањето на црковниот храм, на 7 август 1960 година е осветен. Чинот на осветувањето го изврши епископот злетовско-струмички владиката г. Наум, во сослужение со свештениците Нестор Поповски и Ѓорги Ангеловски, како и на свештеници на Сириската и Англиканската црква. На чинот на осветувањето присуствувале голем број верници, гости и пријатели на Македонците. Co тоа се отвори нова, светла и значајна страница во историјата на МПЦ и на македонскиот народ во целина.

Во состав на првата црковна општина, со успех работи Културно-просветниот центар „Епинѓ’, каде денес се наоѓа новата црква „Свети Ѓорги и Света Богородица“. Темелите на овој центар ги удри митрополитот Кирил во 1981 година. Во него се вишнее споменикот на големиот македонски револуционер Гоце Делчев и претставува место за собирање на сите генерации од македонско потекло.

Посебно значење за општината има манастирот „Свети Климент Охридски“, што се наоѓа на осумдесетина километри од Мелбурн во месноста „Кинг Леик” (Кралско Езеро). Овој прв македонски манастир во дијаспората е осветен на 29 јануари 1978 година од архиепископот на МПЦ г.г. Доситеј, заедно со митрополитот г. Кирил и повеќе македонски свештеници.

Манастирот располага со голем простор покриен со бујна вегетација, кој служи за одржување пикници, панаѓури, селски слави и други активности во природа. Во овој македонски парк во декември 1983 година се одржаа „Деновите на македонската култура”. Оваа манифестација што се одржа под покровителство на Владата на државата Викторија и СР Македонија, а на која се собраа повеќе од дваесет илјади посетители, придонесе за мултикултурниот развој на Австралија.

Митрополитот г. Кирил потенцираше дека македонските православни црковни општини, цркви и манастири во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини, пред се, имаат добиено широка поддршка од австралиската влада и од мајката – Светиклиментовата црква.

K4

Манастирот „Св. Климент Охридски“

Co формирањето на црковните општини во Австралија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците што живеат вон границите на етничка Македонија. Македонците во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија потекнуваат и со какви патни исправи се дојдени во новите средини.

Преку МПЦО, добиваат документи што сведочат дека се Македонци, a co тоа стекнуваат право да избираат и да бидат избрани во црковно-општествените тела. Така, тие добиваат крштелници, венчаници и други документи кои се официјални и законски пред австралиската администрација.

Македонските православни општини и цркви што дејствуваат во Австралија и Нов Зеланд, имаат своја Епархија, која е значајно духовно и културно-просветно тело. Таа ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода.

Епархијата обезбедува услови за сеʼ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиските власти, кои Македонците ги сметаат за одделен народ и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија. Епархијата  треба да настојува да се одржат црковните и народните традиции, фолклорот, јазикот, минатото и сегашноста на македонскиот народ, што тој ги донел од нивната татковина Македонија во новата средина Австралија.

Австралиско-новозеландската-македонска епархија е формирана со одлука на Светиот архијерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонските доселеници во Австралија со татковината и со црквата. Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска и австралиска македонска православна епархија, кога во 1967 година за прв архијереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил.

Продолжува

Slav

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *