Димитриевски организира предновогодишен прием за децата без родители во Куманово

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска организираше предновогодишен прием за децата без родители и за нивните старатели. Димитриевски и Дедо Мраз им подарија новогодишни пакетчиња и им ја честитаa Новата Година. Тој апелираше до граѓаните да дадат придонес во делот на згрижувањето на децата без родители.

– Не е лесно за овие деца и мора како граѓани да покажеме одговорност кон сите. Голема благодарност до старателите кои преземаа обврска да ги чуваат и да се грижат за овие деца, рече Димитриевски.

Во општина Куманово има околу сто деца без родители, информира Наџије Мустафа од Одделениетo за старателство од Центарот за социјални работи Куманово. Дел од нив се сместени во институциите, помал дел се згрижени во згрижувачки семејства, а дел се под старателство на блиски роднини.

– На подрачјето на Куманово има шест згрижувачки семејства, едно семејство е интервентно, а во моментов на листата за старатели се три семејства, изјави Мустафа.

Димитриевски го посети и Детското одделение при општа болница Куманово, а Дедо Мраз им подари пакетчиња на децата кои празниците ќе ги поминат во оваа јавна здравствена установа. Ова одделение едно од најфрекфентните во болницата каде дневно се прегледуваат близу 70-тина деца.

– Посакуваме побрзо закрепнување и празниците да ги поминат со најблиските, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Таа информираше дека во овој период хоспитализирани се 15 пациенти. Захариева додаде дека болницата прави максимални напори за да им ја пружи неопходната помош на младите пациенти, а најави дека идната година ќе се преземат напори уште повеќе да се подобрат условите на ова одделние.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *