Знамето пред Амбасадата на САД на половина копје за загинатите во автобуската несреќа

Знамето пред Амбасадата на САД во Скопје е на половина копје за автобуската несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје – Тетово, во која животот го загубија 14 лица, а сочувство за настраданите изрази и американскиот амбасадор Џес Бејли.

– Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување, напиша амбасадорот Бејли на официјалниот твитер профилот на Амбасадата на САД.

One thought on “Знамето пред Амбасадата на САД на половина копје за загинатите во автобуската несреќа

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *