Почитувани,
Изразувам искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа. Целосно свесен дека ништо не може да ја надомести или ублажи нивната огромна загуба, сакам да ги уверам дека срцата на Македонците од целиот свет тагуваат заедно со нив. На повредените им посакувам целосно и побрзо закрепнување и враќање кај своите најмили.
Ова е тешка трагедија која го потресува целиот свет. Најдобронамерно апелирам до надлежните институции час поскоро да ги утврдат сите околности за несреќата за да престанат шпекулациите кои уште повеќе ја вознемируваат јавноста. Најостро ги осудувам приземните коментари и обиди да се политизира оваа трагедија. Македонскиот народ не е злобен и затоа не смее било кој своите политички ставови, уверувања и мислења да ги става во контекст на оваа крајно потресна трагедија. Тоа едноставно е недозволиво, срамно и нечовечки.
Да им дадеме поддршка на семејствата кои директно страдаат од оваа трагедија.
Нека почиваат во мир нашите сограѓани кои ги загубија животите.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски