Денеска и утре денови на жалост поради сообраќајката на патот Скопје – Тетово

Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Скопје – Тетово.

Последната бројка на починати, како што соопшти синоќа премиерот Зоран Заев, достигна 14, а шест лица се борат за живот.

Увидот на местото на несреќата треба да продолжи утрово во осум часот.

Заев најави дека денеска ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и одлуки за поддршка на семејствата на починатите.

Во 12 часот денеска вонредна седница по повод трагичниот настан ќе одржи Општина Гостивар. Се очекува советниците да донесат одлука за прогласување тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.

Автобус на „Дурмо турс“ вчера околу 17 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово меѓу Карпалак и Ласкарци. Официјално не е соопштено колку патници биле во автобусот иако се зборува за неофицијална бројка од 51.

Екипи на МВР, итна медицинска помош и ОЈО веднаш пристигнаа на местото на несреќата, а во извлекувањето на повредените и жртвите масовно учествува и локалните жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *