Изложба на слики од Лазар Дојчинов во Кавадарци

Во чест на денешниот верски празник „Свети Трифун“, кој се смета за заштитник на лозарите, синоќа во кавадаречкиот музеј беше отворена изложба на слики од ликовниот уметник Лазар Дојчинов. Директорката на музеј галеријата, Весна Ѓорѓиева рече дека вечна инспирација на авторот се виновите лози.

– Тој често слика лозје, грозје, вино и ракија, казани за печење на ракија, пејзажи од околината на Кавадарци, рече меѓу другото Ѓорѓиева.

Изложени се 41 дело, изведени во акварелна и акрилна техника.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *