Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Скопје – Тетово.
-Во овие моменти на тага и болка за целата држава, сочувствуваме со неизмерната загуба на семејствата на загинатите и посакуваме брзо опоравување на сите повредени, стои во соопштението од локалната самоуправа.
Во деновите на жалост, денес и утре, општина Прилеп и институциите под нејзина надлежност, ги откажуваат сите планирани манифестации.