Различни гледишта за перспективите што не очекуваат во 2019

По позитивните резултати од процесот на имплементација на Преспанскиот Договор и од ратификацијата на пристапниот Протокол за НАТО во грчкиот Парламент сега патот за пристапување кон ЕУ и НАТО е отворен и сега македонската Влада, македонското општество и ЕУ и Германија заедно мора целосно да се концентрираме на реформскиот процес, што конечно ќе води кон полноправно членство во евроатлантските организации врз основа на новото македонскот општество, истакна денеска германскиот амбасадор Томас Герберих во обраќањето на конференцијата „Перспективи 2019“ во организација на НВО Цивил.

-Патот пред вас и нас нема да биде лесен и понекогаш ќе биде и болен. Нема да има автоматизам, а времето тече. Европскиот совет во јуни 2019 ќе одлучува за тоа дали ќе почнат преговорите за пристапување во однос на натамошниот напредок на реформите. Но една работа е јасна – ЕУ перспективата за вашата земја е вистината и сега е уште пореална од секогаш, вели Герберих.

Според него, покрај предизвиците на Преспанскиот договор земјата мината година почна со импресивни реформи во правосудството, админстрацијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал, а ЕУ перспективата е особено важна за младата генерација, чии аспирации се во Европа, па поради таа причина, вели, потребно е конкретно напредување во процесот на пристапување.

-Тоа е во стратешки интерес и на ЕУ. Ако не успее на Балканот што историски, географски и културно е близок до нас, тогаш како може да се гледа како на сериозен партнер. Се надевам дека земјата ќе успее и дека до крајот на 2019 преговорите реално ќе започнат. Сигурен сум дека вашето општетство и вашата Влада ќе успее да ги продолжи реформите на фокусиран начин наспроти политичкиот притисок од внатре и од надвор, истакна германскиот амбасадор.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска  рече дека во сферата на социјалната политика, постои визија и работите се движат во добра насока во делот на намалување на детската сиромаштија, зголемување на социјалните трансфери и развој на социјални услуги на локално ниво, реформа која, вели, чека во Парламент и очекува пратениците со национален консензус конечно да ги изгласаат во февруари, за во април месец граѓаните да може да ги добијат своите први трансфери. Очекува и функционална Комисија за недискриминација во делот на заштита на човековите п

-Перспективата за 2019 која ја имаме е за Закон за недискриминација и дека ќе имаме една функционална комисија за недискриминција со утврден буџет. Се очекува да избереме квалитетни кадри кои ќе се се посветат на ова прашање и исто така конечно детската сиромаштија до крајот на годината да си ја премериме и да кажеме дека сме ја свеле на минимален процент, реќе Царовска.

За претставниците од невладиниот сектор перцепцијата за тоа што се случува во општетството е дијаметрално спротивна и без посебен оптимизам, особено поради неисполнувањето на очекувањата работите да се сменат системски и од корен по 11-те години од авторитарниот и популистички режим.

Силна критика за состојбите особено упати Мирјана Најчевска од Хелсиншкиот комитет која вели во Македонија воопшто не постојат политички партии туку има етно-племенски кланови кои под превезот на политичка борба за освојување на власта, всушност затскриваат борба за освојување на територија од која се обидуваат да извлечат што е можно повеќе во периодот што им е на располагање.

-Ова кореспондира со нивото на генералната свест кое кај нас е застанато токму таму на етно-племенски односи…Нема перспектива се додека не излеземе од нивото на развој кое соодветствува на етно-племенско уредување нема мрдање. Племенскиот совет составен од СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ не исполнува елементарни услови за да направи било каква промена, рече Најчевска која додаде дека во ова удел имаат и странците кои треба да го преземаат сопствениот дел од одгорноста бидејќи не застанале зад граѓанскиот модел.

Александар Кржаловски од МЦМС, рече не очекувал многу со промената на власта, бидејќи вели „тоа е до човечкиот материјал кој постои“. Добро е што ЕУ не поддржува на патот на реформите, но клучната работа, додава, останува на нас сами да ја завршиме, а подобрување на работите е можно само со промена на вредносниот систем.

-За Преспанскиот договор, чиј критичар сум, добро е што, сепак помина, бидејќи ако ништо друго барем ја поминавме таа психолошка бариера. Сега ќе биде до нас, сите реформи и промени и придвижувања кон ЕУ….Периодов што претстои треба да го искористиме ако ништо друго на економски план, да се придвижат работите, што повеќе инвестиции, што повеќе работа, вели Кржаловски.