Грчкиот Парламент вечер ќе гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО

 Околу 19 часот по локално време, доколку нема пролонгирање и доцнење поради обраќањата на пратениците, се очекува да се одржи гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Протоколот за членство во НАТО.

Кратко, по 10.30 часот утринава, почна расправата на пленарната седница, што е во тек, за нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“.

Гласањето, исто како и за ратификацијата на Договорот од Преспа, ќе биде со прозивање на сите 300-те пратеници кои ќе треба да кажат дали гласаат  „за“, „против“ и „воздржано“ за конкретниот нацрт закон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *