СЕ ПОВТОРУВААТ ГРЕШКИТЕ ОД МИНАТОТО!

Идниот Грчки Премиер, Кирјакос Мицотакис како стожерно ветување во својата кампања за следните избори е заканата дека со секое дипломатско и правно средство да стави вето на отварањето на ЕУ поглавјата за Македонија. Со оваа закана уште еднаш дава на знаење дека за Грција никогаш не било проблем дејствувањето спротивно на меѓународното право. И сега сите оние во Татковината кои не убедуваат дека Договорот Заев – Ципрас содржи одредби кои го спречуваат Мицотакис да стави вето, не сметаат за недоветни и без меморија. Истата Грција, со Нова Демократија на власт, со Караманлис и Бакојани, кои исто така не смееја да ни стават вето на НАТО Самитот во Букурешт во 2008, бидејќи Времената Спогодба тоа не им го допушташе, брутално ја спречија Македонија да стане полноправен член на Алијансата. Токму затоа Грција е осудена земја од Меѓународниот Хашки Суд!

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЗНАЕ ДЕКА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ВИСИ! И ЗАРАДИ МИЦОТАКИС И ЗАРАДИ НЕИЗВЕСНОСТА НА ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ КОИ СЛЕДАТ! ЕУ СКЕПТИЦИТЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ КОНТРОЛАТА НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И КОМИСИЈАТА!

Заев, Димитров и Шекеринска многу добро знаат дека членството во НАТО многу малку влијае врз економскиот развој и дека клучните очекувања за инвестиции и подобрување на животниот стандард се од преговорите и членството во ЕУ. Македонија со мудра политика и опстојувањето на меѓународните норми ќе обезбедеше полноправно членство во НАТО Алијансата и без продажба на светото Македонско име и идентитет! Додека траеше правно-политичката битка, Македонија е заштитена со билатералниот стратешко-безбедносен договор со САД склучен во времето на Претседателот на САД, Џорџ Буш. Притоа, Македонија повеќе од една деценија се однесува како полноправен член и АРМ е дел од сите мировни мисии на Алијансата.

КОЛКУ И ДА СЕ ТРУДИ НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ОД ПРЕДАВСТВОТО ДА НАПРАВИ ТРИУМФ! ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА ПОНИЖУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE