Комисијата за утврдување на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа седница на која ги разгледа поднесените пријави за пројавување интерес за кандидат за Претседател на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга. Комисијата утврди дека се поднесени 10 кандидатури, од кои една кандидатура е поднесена по рокот за пријавување и е отфрлена како ненавремена.
Кандидатите кои ги исполниле условите, се следните:
- Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.
- Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
- Васко Костов, фармацевтски техничар.
- Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
- Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
- Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.
- Филип Петровски, Д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.
- Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.
- Сашо Кутлешовски, Д-р по земјоделски науки.
ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени еднаков пристап до Општинските Комитети на партијата во период од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите на демократија.
Транспарентноста и демократијата на процесот е со цел да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.