Димитров во посета на САД

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој од вчера е во работна посета на Вашингтон, САД, денеска ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.
Како што соопшти, МНР, Димитров  во рамки на работната посета ќе има повеќе средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата.

На покана на државниот секретар на САД, на 6 февруари, во Вашингтон, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС.

Тема на состанокот ќе бидат резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *