На церемонијата што се одржа во Парк Сити, Јута, САД, „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љумаим беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography).
Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change)
Подигнувајќи ја наградата на најдобар филм, продуцентот Атанас Георгиев упати апел до властите да се реши проблемот со загадениот воздух во, како што рече, најзагадената земја во светот (доделувањето на наградата и апелот е од 1:29:00).
„Медена земја“ беше во официјална конкуренција на престижниот американски фестивал за независни филмови „Санденс“ во категорија со уште 11 други документарци од целиот свет.
Листата на победниците на „Санденс“ можете да ја видите овде.
Wow, wonderful blog structure! How long have you been running a blog for?
you make blogging look easy. The full look of your web site
is great, let alone the content! You can see similar here ecommerce
Wonderful analysis! Your insights are very enlightening. For more detailed information, check out: DISCOVER MORE. Keen to hear your views!