Премиера на РУГАЊЕ СО ХРИСТОС во Сиднеј
На 25 јануари, до последно место исполнетиот Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, се изведе премиерата на филмот „Ругање со Христос“ од Јани Бојаџи. Следниот ден следеше втората проекција во истиот театар. Исто така во државата Нов Јужен Велс вакви проекции следеа во градовите Канбера, Волонгонг и Њукастел. На сите проекции присуствуваше режисерот и сценарист Јани Бојаџи со членови од Советот на Македонците од Австралија од Мелбурн. Организатор на проекциите во Сиднеј беше Македонскиот советот од НЈВ.
Темата во однос поробениот Егејски дел на Македонија често се обработувала во сите сфери на креативноста но малку помалку некој се осврнувал на последиците од така наречената Граѓанска војна за македонското домородно население кое не пребегало, на децата и родителите кои не беа убиени или кои не биле избркани. Тие беа принудени да си го сменат не само името туку јазикот и културата – да се плашат од својата сенка дека се Македонци. Атињаните применија секакви методи, генот на Македонците да се измени и сегашните генерации да патат од последиците на своите родители како што и нивните деца во иднина ќе патат од последиците на нивните сегашни одлуки. Како што се верува со егзодусот на Македонците кои физички се одделија од Македонија им се пресече телото од душата но ќе се спојат во рајот- пак да бидат заедно. А пак која генерација сме ние (попаметни и поитри од претходната?) да ги разврзиме врзулците на историјата кои толку загатно ги преплетувале луѓето во минатото, а и сегашноста. Во Македонија има и пекол и рај. Кога сите луѓе се еден против друг, Господ е против сите. Не е ни чудно што филмот е забранет во Македонија каде сега владее фашизмот. Слободата на говорот и креативноста се загушуваат. Се загушува македонското во корист на бугарското, грчкото, српското, албанското… со цел да им се пикнат во смрдените гаќи на Европа…Се сака да се прикријат злосторствата на Албанците и нивниот тероризам, да се прикаже дека истиот имал „ослободителен карактер“. Друг диригира во Македонија, а Македонците постанаа шупелка и свират само на задната дупка на свиралото. Сведоци сме на она што се случува во Република Македонија каде во собраниете се собрале 80 разбојници-среброљубци, со водач кој е под влијание на ѓаволот и кој има интелегенција на црв, кои се обидуваат да изменат, обезличат, уништат… спротивно вољата на народот, без да се свесни дека еден ден за лошите дела ќе си платат, ако не тие, нивните деца, внуци и правнуци – тој круг на негативна енергија што ја креираат некаде треба да застане, а тоа е секогаш во истиот круг на оној што го започнал. Тие не се свесни на последиците. Кога на едно етничко, присилно дојдено племе од некаде, им се даде повеќе право од на домородното население тогаш тоа е чиста агресија што ќе доведе до етничко чистење на македонското население. Се виде што направија просфигите во поробениот Егејски дел на Македонија. Честитки до Јани Бојаџи и целиот негов тим кој беше составен од артисти од повеќе националности, а истиот беше сниман во Македонија, Франција и Грција. Тој не врати на минатото, сегашноста и ни покажа каква можна, во зависност од нас, иднина можеме да имаме. Филмот, препорачувам да се види од секој Македонец, без разлика на генерациите, а и од другите националности како и од Албанците и Грците за да видат дека агресивноста може да донесе само агресивност, тие немаат право да уништуваат и да владеат над никого, а најмалку над Македонците. Честитки и до Советот на Македонците од Австралија што овозможија да се прикаже филмот во повеќе градови во Австралија и Нов Зеланд, до Македонскиот совет на НЈВ и повеќе организации и индивидуалци кои се приклучија кон оваа племенита акција да се расветли вистината за минатото и сегашноста. Иднината е во нас – Македонците, и во зависност на нашата свест, сила и храброст само ние можеме да си ја одлучуваме. |