Преспа е изорана наоколу со два вола близнаци.
Тоа значи дека од невреме таа е заштитена од Господа
Преспанска народна легенда
Почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била.е и ќе биде место кадешто ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија. Македонија како земја, неколку пати се споменува и во Библијата.
Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Филип и Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Словените кон југ и на други народи, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии.
Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред се преку градење цркви и манастири.
Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново
Историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот. Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период.
Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со конституирањето на Република Македонија, no обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. Македонската православна црква направила силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија. како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји ширум светот.
Преспа како дел од Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.
Манастирот „Св. Богородица“ во Јанковец
Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата. Неговото христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос… Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.
Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност. Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род.
Иконите, фреските на Свети Ѓорги во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот Света Богородица во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција во Преспа.
Преспа е лулка на македонската иконографија – значајно е присуството на повеќе стотини портрети на света Богородица, Исус Христос, свети Климент и свети Наум Охридски и нивните современици и други светци. Тоа е доволен доказ за културниот континуитет на традицијата на Македонците од најстари времиња до денес. Притоа треба да се нагласи дека македонскиот духовен простор во Преспа никогаш не бил затворен.
Напротив, православните духовници, писатели и ликовни творци секогаш биле во благородните хуманистички текови коишто се засновуваат на Христовото учење и на традициите на Свети климентовата црква. Таков е случајот со црквата Свети Ѓорги во Курбиново, како и со неколкуте други значајни цркви во Преспа, меѓу кои е и манастирот Света Богородица во Сливница, кој во 2007 година го прослави своето 400-годишно постоење.
Во Преспа се создала специфична градителска и ликовна култура и по укинувањето на Охридската архиепископија, особено во борбата на црковно-училишните општини да имаат богослужба на црковнословенски, односно македонски јазик. Притоа се подигнати бројни цркви и манастири од македонски камен, дрва, керпич, со македонска душа и срце. Сите тие цркви најчесто се со монументални димензии и со базиликална форма за да потсетуваат на величината на старата црковна слава.
Периодот на преродбата во Македонија ќе донесе и во Преспа специфична иконографија во рамките на православието, со особена нагласка врз македонските светци, на нивните житија и на словенската писменост на Балканот, како што е примерот со манастирот Света Богородица во селото Сливница, во Долна Преспа. Таа е дел од големиот придонес на Македонците во културниот и духовниот развој на православието во сесловенската уметничка ризница.
Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Co цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во Преспа во периодот од десетина векови си помагал со другите народи, си пружал христијанска рака, затоа издржал и ропство, асимилација, прогонување, а и неправди. Тој опстанал и ќе опстои се додека веков векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со голема христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата Црква и држава.
( Текстот е дел од монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин, а е посветена на дел од вистината за Дева Марија.
Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот.
Оваа значајна и по многу нешта единствено дело е исто така посветено на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој одбележува 410 години од своето постоење)
Продолжува …
Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН