Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта.
Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за Претседател на Република Македонија, по која што проверка, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за кандидат за Претседател на Републиката.
Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари.
ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските ограноци за секој кандидат подеднакво, согласно принципите на демократијата, со цел членството да може да ги слушне нивните идеи, ставови и аргументи.
ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата.
Ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните, ќе ги застапува нивните идеи и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта да се охрабри и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Хаосот кој го предизвикаа во државата не смее да продолжи.
Власта која нема направено ништо за државата, а потроши две години од животот на граѓаните треба да си замине.
Прашање, новинар: Дали имате донесено одлука дали ќе учествувате на претседателските избори доколку евентуално не се одржат предвремени парламентарни избори?
Одговор: Одлично прашање. Затоа и јас ги охрабрувам да распишат предвремени избори, но очигледно е дека сакаат да побегнат. И они ги имаат анкети и ние ги имаме, бројките се познати. Единствена причина зошто не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори се баш поради тоа што ќе загубат. Нив поважно им е во овој период да распишат тендери и да ги соберат парите на граѓаните. Ништо повеќе и сакаат побегнат од граѓаните, да се соочат со нив и да бидат каков е нивниот рејтинг. Ние го знаеме нивниот рејтинг и ги охрабруваме и им вели ајде на избори.
Прашање, новинар: Дали меѓу пријавените кандидати има жени?
Одговор: Има 8 кандидатури и ќе оставиме Комисијата да ги прегледа сите. Дел од нив се познати јавно, бидејќи си ја објавија својата кандидатура. Но, за сите останати ќе почекаме. Комисијата ќе ви каже, јас лично ги немам гледано кандидатурите, бидејќи тие ќе бидат директно доставени до Комисијата и комисијата ќе ги провери. Во вторник повторно ќе бидам тука пред вас и ќе ви ги кажам нивните имиња, нивната биографија, оние што исполнуваат услови секако потоа ќе започне и оној дел каде што ние го нарекуваме презентација на програмата и нивните идеи, ќе биде отстапен простор во општинските комитети секој од нив ќе може да појде таму и да си ја каже својата програма, на еден најголем демократски процес каде што секој од нив целосно ќе може да си ја претстави програмата.
Прашање,новинар: Можно ли е фаворизирање на одредени кандидати да се подели членството на ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што сепак знаеме дека конкурирале и партиски и непартиски кадри?
Одговор: Благодарам на прашањето. Мислам дека единствена цел на сите овие кандидати треба да биде Република Македонија и треба да биде сплотување на сите граѓани со нивната програма и нивните идеи, тоа е и целта на Конвенцијата, тоа е целта на сите граѓани кои можат да аплицираат. Затоа е добро да ги слушнеме нивните програми да видиме што ќе понудат за граѓаните и се разбира најдобриот кандидат сите да го поддржиме, единствени да бидеме и се разбира да излеземе на изборите. Се надевам дека ќе има и предвремени избори па да се соочиме.
Прашање, новинар: Доколку се одржат предвремените избори заедно со претседателските, со онаа динамика која што ја најави господинот Талат Џафери, односно тоа би било некаде на 5 мај. До тогаш нема 100 дена за техничка влада, ќе одите ли на нови избори, ќе барате ли 100 дена, како ќе оди оваа процедура со оглед на тоа што господинот Џафери веќе ако се собере доволна бројка на пратеници за распуштање на собранието изборите ќе ги распишел согласно Устав. Ќе прифатите ли ваков изборен процес без 100 дена техничка Влада?
Одговор: Ние ќе го отвориме тоа прашање тука пред Извршниот комитет, пред Централниот комитет, сите структури во партијата ќе го кажат своето мислење, но пентата е друго тие бегаат од таа техничка влада, треба да ги прашаме зошто се исплашени, зошто не сакаат техничка влада да има и за претседателските и за парламентарните избори. Тоа е и причината зошто тие побегнаа од својата одлука, за да не ја кажат на време, за да не се дадат тие 100 дена. Впрочем и во минатото кога баравме парламентарни избори тие постојано бегаа од тие 100 дена. Дали нешто планираат да направат со полнење на кутии како што беше процесот за референдумот или слично. Ние ги охрабруваме да ги распишат тие парламентарни избори, повторно секој од нив зборам од коалицијата која што е на власт повторно ќе бара изговори како да не се случат тие предвремени избори само поради една причина, а таа причина е рејтингот на партиите и она што народот моментално го мисли и затоа ќе бегаат од избори. Но, ајде ние сме подготвени и ги повикуваме да ги распишат.
Прашање, новинар: Како ќе го искоментирате тоа што пропадна на некој начин договорот за консензуален претседател меѓу СДСМ и ДУИ, дали тоа оди во ваш прилог?
Одговор: Ние сме си политичка демократска партија каде што даваме простор за сите наши кандидати да се претстават, а од друга страна очекуваме од сите партии да сличниот начин да си ги претстават своите кандидати. Јас мислам дека плурализам е одлична шанса сите партии да имаат свои кандидати да се соочи оној кој е најдобар кандидат, да ги слушнеме нивните програми, нивните идеи итн. Дали ќе има пазарење помеѓу власта за овие процеси најдобро е нив да ги прашате, но ја ги охрабрувам сите партии што мислат дека имаат најдобри кандидати да си ги предложат тие кандидати за граѓаните да слушнат кои се тие кандидати и што ќе понудат за граѓаните. Во овој процес се бира претседател на државата каде што ќе биде во полза на сите граѓани во Република Македонија.