Даниелсон: По Преспа, фокусот да се стави на реформите, а не на предвремени избори (ДПЛ)

Позитивниот моментум што е создаден по потпишувањето на Преспанскиот договор треба се одржи и сочува. Фокусот треба да се насочи на реформите во пресрет на јуни кога Советот на ЕУ ќе одлучува за отворање на пристапните преговори. Предвремените избори ќе го одземат тој фокус и потребната енергија, порача Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, на денешната прес-конференција во ЕУ Инфо центарот.

Истакна дека во ЕК се имперсионирани од постигнувањето на историскиот Преспански договор и за што заслугата е на лидерите и на парламентите на двете земји и оти тоа покажаува дека пречките од минатото може да се надминат ако постои политичка волја, но е и пример на помирување и дава надеж за целиот регионт. Додаде дека прашањето за името беше посочено и во заклучоците на Европскиот Совет минатата година кој го постави патот за почнување на пристапните преговори.

– Фокусот сега треба да биде на испорачување резултати. Таму треба да бидат насочени напорите. Веруваме дека предвремените избори ќе го одземат тој фокус и нема да бидете во можност да ја дадете потребната енергија се со цел да се адресираат останатите отворени прашања. Тука зборуваме за реформите во судството, борбата со корупцијата и организираниот кринминал, реформата на безбедносните служби и функционирањето на јавната администрација, истакна Даниелсон.

Нагласи дека не станува збор само за законодавството, туку треба да се види и имплементацијата односно спроведувањето на законите.

Даниелсон посочи дека овие пораки им ги пренел на сите негови соговорници за време на дводоневниот престој во Скопје и оти се однесуваат и на владејачкото мнозинство и на опозицијата за да се придвижи земјата на евроспкиот пат.

Тој ја нагласи важноста судиите да се остават да судат независно според законот и доказите, без какви било влијанија, назначувањата во јавната администрација да се врз база на заслуги, и да се има нулта толеранција за корупцијата, при тоа нагласувајќи го значењето на Антикорупциската комисија, која е во процес на создавање.

-Имајќи предвид дека ова е последен ден за аплицирање на кандидати за составот на таа комисија. Тие кои во оваа земја чувствуваат дека ја имаат компетанцијата, знаење да придонесат за оваа комисија, да аплицираат за да може да се состави една добра листа на компетентни, независни и силни личности кои можат да ја преземат важната улога на таа комисија за да може да ги испорача резултатите, апелираше Даниелсон.

Нагласи дека извештајот за земјата веќе се пишува и оти ЕК останува силно посветена да ги поддржи напорите за испорачување на реформите.

-Започнавме со подготвителната работа на извештајот и одблизу го мониторираме процесот кој ќе биде постигнат во сите сфери и области. Можам да ве уверувам дека ние ќе продолжиме да ги поддржуваме овие напори со сите средства кои ги имаме, тука зборуваме за техничка експертиза но и со важната финансиска помош која се обезбедува од ЕУ. Нашата определба е да ве поддржуваме во исполнувањето на оваа стратешка цел, токму поради следните чекори ќе бидат многу важни на патот за почнување на пристапните преговори, рече Даниелсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *