Македонија 93-та според индексот на корупција на Транспаренси интернешнал

Македонија е рангирана на 93 место според Индексот на корупција за 2018 година што го објави Транспаренси интернешнал.

Македонија го дели 93 местото со Косово. Од земјите во регионот подобро е рангирана само од Албанија. Словенија е на 36 место, Хрватска на 60, Бугарија 77, Грција и Црна Гора 67, Србија на 87, а БиХ на 89 место.

Најмалку коруција, според Транспаренси интернешнал, има во Данска, Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија, а најкорумпирани земји во светот се Сомалија, Сирија, Јужен Судан, Јемен и Северна Кореја.

Со идексот на корупција на Транспаренси интернешнал се опфатени вкупно 180 земји.