Џафери до крајот на месецот ќе почне на албански да ги води пленарните седници

Претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафери од крајот на месецов, по завршување на подготовките, ќе почне да претседава со пленарните седници на албански јазик

Ова го најави одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на црногорскиот Парламент Иван Брајовиќ.

-Не се раководам од очекувањата, во смисла кога. Моите одлуки зависат од мене и од тоа кога ќе ценам. Секоја активност има потреба од подготвителен период, а порано кажав дека тој период ќе трае до крајот на месецот за да може да се организираат службите и за да може да се спроведе целосно и квалитетно одредбата од Законот за употреба на јазиците во смисла на водење на седниците. Како што знаете претходно јас сум ги користел комбинирано двата јазика без оглед дали законот беше во сила или не. И кога не беше донесен законот при првото водење на седницата во 2017 година ја водев комбинирано, значи немало пречка околу тоа. Но работата е што како законодавен дом ги чекавме сите пердуслови во однос на она што е законска рамка во легална смисла да се води седницата, рече Џафери.

За тоа дали постапката на Владата во врска со испраќањето на Законот за употреба на јазиците до Венецијанската комисија е спротивна на Уставот, Џафери рече дека тоа не е противуставно

-Постапката за утврдување на кој било законски проект во соодветната европска комисија не е во никаква спротивност со Уставот, рече Џафери и упати на Владата за поконкретни одговори бидејќи тоа не е во надлежност на Собранието туку е владина одговорност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *