Писмена реакција за уцената на ДУИ за консензуален Претседател

“Татковината и нашиот народ не смеат и понатаму да бидат жртва на срамни политички пазари. Доста е од уцени за консензуален кандидат за Претседател од страна на вечните Али Ахмети и ДУИ. Срамно е да се тера тезата дека ако Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ не е Албанец, барем да имал Албанска „жичка“. Во спротивно, не е исклучен бојкотот на вториот круг и влез во нови Уставни измени за избор на Претседател на Републиката во Собрание.

ИМА ЛИ ГРАНИЦА НА ПОНИЖУВАЊАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД? ЗОШТО ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА НЕ ИНСИСТИРАА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО КИЧЕВО, СТРУГА, ЧАИР, ТЕТОВО ДА БИДАТ КОНСЕНЗУАЛНИ? ИЛИ ДА ИМААТ „МАКЕДОНСКА ЖИЧКА“? ЗОШТО ВО ДУИ СЕ УШТЕ НЕМА МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ? ЗОШТО НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ ОДНЕСУВА ДУШМАНСКИ КОН МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ? МАЛКУ ЛИ Е ШТО ТАЛАТ ЏАФЕРИ ПРОТИВУСТАВНО И НА СИЛА ЈА УЗУРПИРАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФОТЕЉА ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ, МАЛКУ ЛИ Е ДВОЈАЗИЧНОСТА, МАЛКУ ЛИ Е ШТО НЕМА ПОПИС, ТРЕБА И ОВАА УЦЕНА НА ДУИ ДА СЕ ИСПОЛНИ?

ПРЕСТАНЕТЕ СО ДЕВАЛВИРАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА!

Нашите сограѓани Албанци, заедно со Македонците во Републиката и ширум светот, ќе гласаат за личност која навистина ќе биде Претседател на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност и вера! Граѓаните бараат човек, политичар кој нема да го гледа Државниот Буџет како сопствено чекмеџе, туку ќе се вложи и жртвува за нив! Бараат кандидат кој ќе има углед, чест, личност со кредибилитет, некој успеал во најконкурентното општество во светот, политичар кој не лаже, кој е праведен, достоинствен, кој знае како се брани Државата и никогаш нема да ги изневери!

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО БУНИЛО! НАМЕСТО ДА СЕ СРАМИ ШТО И НАПРАВИ И СЕ УШТЕ И ПРАВИ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, УШТЕ СЕ ЗАНЕСУВА ДЕКА НЕМА ДА ИМА ПОСЛЕДИЦИ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ЈА ДАДЕ ДОВЕРБАТА НА КАНДИДАТ КОЈ ДОСЕГА НЕ БИЛ ДЕЛ ОД СРАМНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ КОИ ЈА ТУРКААТ ТАТКОВИНАТА ВО БЕЗДНА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!”

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE