МУРИЊО ГО ПОСАКУВА МАЛКОЛМ ВО МАНЧЕСТЕР Ј.

Манчестер јунајтед ги почна преговорите со Бордо, за купување на “бразилското чудо”, Малколм. Понудата на англичаните е 33 милиони евра, што не е мала сума со оглед на тоа дека Мурињо би го оставил бразилецот да ја доигра сезоната за Бордо.

Свесни дека во своите редови  имаат еден од најдобрите млади фудбалери во светот, французите очекуваат 50 милиони евра за него, но дали Манчестер ј. ќе сака да плати толкаво обештетување останува да се види. Многу веројатно е дека до заеднички договор ќе дојде, и дека двата клуба ќе се најдат некаде на средината.

Но, се би било во ред за Мурињо, доколку во игра за Малколм не се вклучи и Арсенал, чии скаути веќе подолго време го следат развојот на 20-годишниот бразилец, кој полека станува ѕвезда број еден во Европа.

Инаку, Малколм сезонава настапи на 18 натпревари за Бордо, постигна седум гола и имаше четири асистенции.