Романо Проди во Македонија

Романо Проди, поранешен премиер на Италија и претседател на Европската комисија, денеска и утре престојува во Македонија по повод врачувањето на Светската награда за хуманизам за 2019 година, што му ја додели Охридската академија на хуманизмот.

Проди денеска во Скопје ќе има средба со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, а утре во Охрид во Куќата на Уранија на МАНУ, свечено ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам.

Романи Проди е тринаесетти добитник на ова признание со кое Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги награди нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел де Оливеира.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *